И денес загаден воздухот во Скопје и сите поголеми градови во Македонија

Од:

Воздухот во Скопје и денеска загаден. Концентациите на ПМ10 честичките од синоќа се над 200 микрограми, достигнувајќи и до 588 микрограми на кубен метар.

Во Центар од синоќа во 22 часот е над 200 микрограми и се движи од 233 па се до 357 микрограми што се регистрирани во 01 часот по полноќ.

Во Карпош концентрациите над 200 се присутни од 18 часот часот, а највисоката од 433 е достигната во 21 часот.

На станицата за мерење на квалитетот на воздухот кај Ректорат се евидентирани концентрации над 200 микрограми од 16 часот вчера. Во 02 часот по полноќ достигнале до 390 микрограми.

Во Бутел на мерната станица над 200 микрограми се забележани од полноќ, а најзагадено било во 17 часот вчера со 315 микрограми на метар кубен.

Најзагаден бил воздухот во Миладиновци со измерени 588 микрограми синоќа во 20 часот.

Последните мерења покажуваат концентации од 137 микрограми во Бутел, 159 во Миладиновци, 209 во Карпош, 238 кај Ректорат и 243 во Центар.

Среднодневната гранична вредност од 206 и 233 микрограми изнесувала во Карпош и кај Ректорат во Скопје.

За да се активираат мерките потребно е вакви надминувања од 200 микрограми на кубен метар на две мерни станици да има во два последнователни дена.

Загаден е воздухот и во другите поголеми градови во Македонија. Во Битоа се измерени концентрации на ПМ10 честичките од 149, Кичево 144, Тетово 154, Кавадарци 129, Куманово 147 и Струмица 142 микрограми на кубен метар.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен