Чикаго го отпушти Фред Хојберг

Од:

Фред Хојберг повеќе не е тренер на Чикаго Булс. Четириесет и шест годишниот стратег беше отпуштен по слабиот старт на сезоната за клубот од „Ветровитиот град“ – само пет победи и дури 19 порази.

Хојберг го напушта „Јунајтед Центар“ по малку повеќе од три сезони на чело на тимот, во кои „биковите“ стигнаа до плеј-офот само еднаш и имаат негативен биланс – 115 победи и 155 порази. Работата во Чикаго беше прва за него како тренер во НБА, откако претходно во текот на пет години беше на чело на Ајова Стејт во колеџ првенството.

„Ваквите решенија никогаш не се лесни, но сметам дека во моментов тоа е правилен потег. Го правиме ова мислејќи за севкупниот развој на тимот во иднина. Сакам да се заблагодарам на Фред за посветеноста и неговите напори, како и за целокупниот однос кон организацијата“, гласи пораката на извршниот потпретседател на кошаркарските операции на Булс, Џон Паксон.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот