Хан допатува во Приштина на средби со косовскиот врв во врска со таксата на увозот од Србија

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија допатува во Приштина, каде ќе се сретне со највисоките косовски претставници на разговори за таксата од 100 отсто што косовската Влада ја воведе на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.

Хан допатува во Приштина само неколку часа по средбата што, на истата тема, ја имаше во Белград со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Првата средба во косовскиот главен град еврокомесарот ја има со претседателот на Собранието Кадри Весели, а потоа ќе се сретне и со претседателот Хашим Тачи и премиерот Рамуш Хаеадинај.

Се очекува Хан да го повтори повикот на Брисел за укинување на таксата и за продолжување на напорите за нормализација на односите со Белград.

Од кабинетот на Харадинај досега категорично ја одбиваа можноста за повлекување на одлуката, нагласувајќи дека таа ќе остане во сила „се додека Белград не престане со деструктивното однесување кон Косово на меѓународен план“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска

Лидерот на Српската демократија денеска е уапсен во северниот дел на Косовска Митровица

Горан Наумовски