Дали Зоран Заев ги има нелегалните прислушувани разговори од јавните обвинители? Кој се ги има нелегалните прислушувани разговори од обвинителите? Дали можеби Зоран Заев го болат повторно очите од слушање на нелегалните прислушувани разговори, како што беше и оној вицот за него кога слушалките наместо на уши ги ставил на очи? Да потсетиме дека Заев однапред ги знаеше пресудите за одредени случаеви. Дали можеби овие разговори биле причината што Заев однапред знаеше кому, колку го следува казна затвор? Очигледно е дека јавните обвинители, обвинителството, судовите, судиите кои соработувале меѓу институционално биле предмет на надзор, а подоцна и контрола на Зоран Заев, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Главното прашање на кое се уште не добивме одговор е дали било кој од овие разговори биле предмет за уцени врз јавни обвинители и судии? Заев со денови бега од одговори на овие прашања. Граѓаните очекуваат Заев да им ги разјасни сите овие работи во кои е вмешана оваа криминогена влада на СДСМ, но исто така во исто време чекаат и оставки и одговорност и тоа веднаш. Што повеќе треба да се случи, а не се случило во изминативе 2 години, за некој од СДСМ и од Владата да сноси одговорност? Убиства, криминал, корупција, нелегално прислушување и тоа на очиглед и сведоштво на целата јавност, а Зоран Заев и Оливер Спасовски ни грам срам немаат да се повлечат, рече Арсовски.
Тој порача дека веднаш треба да поднесат одговорност и да си дадат оставки.
– Ја зацрнија Македонија и тоа ја зацрни оваа криминална структура на СДСМ која што е на власт. Затоа, сите што сте револтирани од оваа криминална багра на СДСМ, Ве повикуваме повторно оваа среда на 5-ти декември во 17 часот, да застанете рамо до рамо на плоштадот ВМРО заедно со нас од ВМРО-ДПМНЕ на протестот против оваа ненародна власт што ја зацрни Македонија и конечно потоа да ги поразиме криминалците од СДСМ кои што се на власт. Што побрзо толку подобро и за граѓаните и за државата, рече Арсовски.