(ВИДЕО) Костадинов: Казните и опомените пред казнување ќе имаат превентивна и корективна улога

Од:

Казните ги намалуваме и до 75 проценти, воведуваме опомена пред казна, ја менуваме казнената политика во интерес на граѓаните, компаниите и економијата. Во владина процедура е новиот Закон за прекршоци за праведна и разумна казнена политика, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Глобите се пропорционални на тежината на прекршокот, а казната нема да го отежнува животот на граѓаните, нема да ја загрози работата на фирмите туку да доведе до промени на нивното однесување.
Нема повеќе злоупотреби, самоволие и изживување врз фирмите и граѓаните. Нема веќе „пиштење-вриштење„ и злоупотреби при затворање на фирми, како што се правеше во минатото, од страна на претходната власт. Глобите за физички лица се намалат за 75 отсто. Со измените што ги воведуваме, минималната глоба за физичко лице ќе изнесува 15 евра, а максималната 250 евра, наместо досегашните 1.000 евра.
За правните лица, за фирмите, при одредување на казната ќе се земе предвид остварениот приход во претходната година, бројот на вработени, како и претходното санкционирање за исти или слични прекршоци, рече Костадинов.

Тој кажа дека за првпат се прави и градација помеѓу малите, средните и големи претпријатија.

– Казните за малите претпријатија се намалуваат за два и пол пати. Минималната глоба за малите фирми ќе изнесува 50, а максималната 2.000 евра, за разлика од сега кога максималната висина на глобата изнесува 5.000 евра. Максималниот износ на глоба за средните и големи претпријатија не може да надминува 10.000 евра. Воведуваме и опомена пред изрекување казна. Опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата. Опомена се изрекува и во случаи кога прекршокот е сторен за првпат и не предизвикал штетни последници, ниту пак го загрозил јавниот интерес, рече Костадинов.

Тој повтори дека ова е остварување на дадените ветувања, казните и опомените пред казнување, да имаат превентивна и корективна улога, а не да бидат екстремна мерка со која само ќе се полни Буџетот како што било во минатото.

– Високите казни остануваат само за прекршоци кои предизвикуваат општествена опасност како и оние кои што се против животната средина и уништувањето на културното богатство. Правиме јасно разграничување помеѓу она што е важно и она што е човечно во казнената политика. СДСМ, Владата предводена од СДСМ и пратениците остануваат посветени на спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат намалени трошоци, поголеми доходи во семејствата и повисок животен стандард за сите граѓани, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата