Телото за помирување предлага поширока јавна расправа за уставните измени

Од:

Јавна расправа за нацрт амандманите освен во Скопје да има и во другите градови, предлага работната група за интеграции на интерпартиското тело за помитување, информираше пратеникот Јован Митревски од СДСМ по завршувањето на седницата на работната група.

„Покрај во Скопје, се договоривме јавни расправи да се одржат и во други градови, таму каде што има универзитети како што се Битола, Тетово ,Штип. Добро е покрај МАНУ, да се вклучат и други институции, да се добијат различни стручни мислења за продолжување на понатамошните процеси“, рече Митревски.

Инаку, јавната расправа треба да трае пет дена, откако ќе бидат донесени уставните нацрт амандмани. Процесот за носење уставни измени согласно договорот од Преспа треба да заврши до средината на јануари.

Габриела Димковиќ Мишевска

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он