„СДСМ ги остава граѓаните да се гушат од енормното загадување на воздухот. Концентрацијата на опасните канцерогени ПМ 10 честички е повеќе од пет пати над дозволеното, а Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки, ги омаловажуваат и замолкнуваат невладините активисти и граѓаните.
Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено ништо за да го намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух.
СДСМ додека беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух и манипулираа дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе го решат проблемот со загадувањето. Откако се сместија во удобните фотелји заборавија на своите ветувања и речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.
Решавањето на алармантната ситуација со високото аерозагадување не им е во агендата. За нив поважно е да трошат десетици милиони за луксузни автомобили и фотелји и лубриканти, наместо да одвојат доволно средства за намалување на загаденоста на воздухот.
Здравјето на граѓаните не важно за оваа криминална и неспособна власт. За нив не е важно што болниците се полни со граѓани кои имаат сериозни проблеми здравствени проблеми заради високото загадување и што според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот.
Неспособната СДСМ е потполно незаинтересирана и нема идеја за конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. Во недостиг на идеи и проекти, власта наместо да ги игнорира треба да ги прифати предлог мерките на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства во буџетот и да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици. Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.
Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.
Исто така треба да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилите.
Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине, граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.