СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ вработуваше луѓе во институции преку тефтери и лотарии

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема крај на лицемерието на антинародното раководство на ВМРО-ДМПНЕ, партијата симбол на партизација, злоупотреба и притисоци врз администрацијата.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ денес да зборува за партизација на инстутциите, кога тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ што од Министерството за внатрешни работи направи ВМРО-МВРО по признание на тогашната министерка од нивните редови. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кадешто никој друг, туку директно нивниот поранешен претседател ургирал за „заслужени“ вработувања на членови, за што јавноста дозна преку доказите објавени во судските рочишта.

Неодговорно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за професионализација кога токму истото ВМРО-ДПМНЕ организираше „лотарија за вработувања“ и преку реално шоу без никакви критериуми вработуваше луѓе во Македонски шуми.

Времето на списоци за вработување и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, заврши. Зврши и времето на брутална партизација на институциите и државните и јавни претпријатија.

По започнатиот процес на реформа и професионализација на администрацијата, институциите денес работат професионално, независно и во интерес на граѓаните.

Сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионални институции и еднакви услови за вработување и затоа постојано шири лажни вести и конструира непостоечки случаи“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“