Кари се врати, но шампионите загубија во Детроит

Од:

Стеф Кари се врати, но ова не му помогна на Голден Стејт откако шампионите изгубија од Детроит со 102:111.

Бекот беше надвор од игра повеќе од три недели, откако пропушти 11 натпревари, а сега се истакна со 27 поени, но „воините“ загубија по 6-ти пат по ред како гости, 8-ми во последните 13 натпревари, а нивниот скор се влоши до 15-9.

– Се чувствував добро, иако во првото полувреме мојата проценка не беше на ниво. Потоа работите станаа подобри, рече Кари, кој постигна три тројки, но целиот тим постигна само шест, додека противникот реализираше 12.

За тренерот на Голден Стејт, Стив Кер пак ова бил еден од неговите „најлоши натпревари како тренер“, откако не успеал да пушти вистинска петорка, која ќе се спротивстави на ривалот.

Домаќините водеа во втората четвртина со 10 поени разлика, во третата поведоа со 14, а во последната не дозволија да бидат притиснати.

Блејк Грифин постигна 26 поени за победниците, а Андре Драмонд додаде 16 и 19 скока. Детроит се подобри до 13-7 и продолжи да се справува добро од почетокот на сезоната.

Резултати од НБА:

Њујорк – Милвоки 136:134 по продолжение
Детроит – Голден Стејт 111:102
Вашингтон – Бруклин 102:88
Кливленд – Торонто 95:106
Хјустон – Чикаго 121:105
Минесота – Бостон 109:118
Сакраменто – Индијана 111:110.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот