(ВИДЕО) Костадинов: Растат платите и пензиите, повеќе пари кај граѓаните

Од:

Се повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните, во семејствата, кај работниците, пензионерите, кај социјално ранливите граѓани. Во годината зад нас, реализиравме бројни мерки што обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во секое семејство, рече Костадин Костадинов од СДСМ на прес-конференција.

– Се отвори спиралата на раст на платите. За само две години просечната плата бележи раст од над 2.000 денари. Пензиите го следат растот на платите и трошоците за живот и за две години просечната пензија пораснала за околу 1.400 денари. Минималната плата ја зголемивме на 12.000 денари и ја изедначивме и за работниците од кожарската и текситлната индурстија. Со тоа над 90 илјади работници добиваат зголемена плата. Значи над 90 илјади работнички семејства имаат во просек повеќе од 2.000 денари зголемен приход секој месец, само од оваа мерка. Стечајните работници, добиваат паричен надоместок од 7.596 денари месечно. Со неодамнешните измени на Законот за стечајци се зголеми опфатот на 8.100 граѓани кои го добиваат овој надомест. Ја укинавме радиодифизната такса. Со оваа мерка финансиски ги ослободивме граѓаните и овозможивме во просек по 2.000 денари дополнителни средства да се слеваат во секое семејство, за период од една година, само со оваа мерка, рече Костадинов.

Тој додаде дека воведена е и евтина тарифа на струјата.

– Просечно семејство односно домаќинство во земјава, само со оваа мерка добива околу 1.600денари повеќе пари, за период од една година. Платите ќе продолжат да растат во сите сектории во наредната година, за што се предвидени низа мерки во Буџетот за 2019 година. Вработените во образованието, здравството, социјалните центри, детските градинки, одбраната, војската, полицијата и судството добиваат повиоски плати за 5 отсто. Докторите специјалисти добиваат повисоки плати од 10 отсто. Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор. Значително се зголемува социјалната помош. Преку воведувањето на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права, лицата приматели на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош. Создаваме можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток, рече Костадинов.

Според него, резултатите се видливи и тие се добра основа за позитивните трендови во економијата да продолжат.

– Како Влада, пратеници и како политичка опција продолжуваме со реализација на мерките од програмата кои носат повеќе пари кај граѓаните и подобра живејачка за сите, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата