Порошенко: Засилена е безбедноста на клучните локации поради руското тестирање на светскиот поредок

Од:

Украинскиот претседател, Петро Порошенко изјави дека неговата земја ја засилила безбедноста на клучните локации, како што се нуклеарните централи и пристаништата во Црното Море, поради како што рече, „руското тестирање на светскиот поредок”.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за инцидент во теснецот Керч, каде што Москва заплени три украински бродови на 25-ти ноември, предизвикувајќи криза поради која се стравува за поширок конфликт.

На 25 ноември руските сили запленија три брода на украинската морнарица во теснецот Керч, меѓу Црното Море и Азовското Море, наведувајќи дека бродовите илегално влегле во руските територијални води. При запленувањето на бродовите притворени се и повеќе од 20 морнари.

Русија пред неколку дена објави и видео-снимки од неколку украински морнари како признаваат дека влегувањето во теснецот Керч било провокација. Од друга страна пак, во медиумите се пишуваше дека не може многу да се верува во тие видеа бидејќи постоеле шанси морнарите да даваат изјави под присила.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни