Работната група за помирување ќе се состане во Собранието

Од:

Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција, ќе одржи состанок денеска во 14:00 часот, соопшти спобраниската прес-служба.

Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција на вечрашниот состанок со премиерот Зоран Заев постигнаа начелна согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение.

Договорија да се формираат три работни групи – за интеграција, за реформи и за помирување, кои според договореното, до вторник треба да ги разгледаат своите области и да излезат со конкретни предлози и решенија, со што би се дало динамика на целиот процес.

Премиерот Зоран Заев, по средбата со членовите на ова тело рече дека е покажана политичка волја и подготвеност за ваков чекор, но посочи дека дека мора да се направи дистинкција од насилство и учество во настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски