ВМРО-ДПМНЕ: Скопје и Македонија се апсолутни рекордери по загаденост во светски рамки

Од:

„Зоран Заев и Петре Шилегов не превземат апсолутно ништо да ги спречат последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух.

Скопје и Македонија се апсолутни рекордери по загаденост во светски рамки и се наоѓаме во друштво на земји како Пакистан и Бангладеш.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите.

Зоран Заев и Петре Шилегов не реализираа ниту еден проект за подобрување на воздухот. Додека беа во опозиција ветуваа дека само што ќе се смени власта воздухот ќе се подобри магично. Еве и речиси после 2 години не знаат кај тераат.

Неодговорноста оваа црна власт нема граници. До нив не допира ништо. Не допираат ниту анализите на реномираните универзитети низ светот каде кажуваат дека со загадувањето на воздухот се намалува просечниот живот на човекот за скоро две години.

Десетици граѓани дневно завршуваат на лекар и ги полнат скопските клиники токму поради проблемите со здравјето настанати од загадениот воздух.

Во Македонија, според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот. Но и ваквите податоци не ги загрижуваат СДСМ и Зоран Заев.

Тие наместо да најдат начин како да се справат со загадувањето трошат милиони за луксузирање. 7 милиони евра ќе дадат за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милион евра за лубриканти, а само 1,5 милион евра за борба против загадувањето. Ова е апсурд од невидени граници.

Наместо да излезат со конкретни решенија поради проблемот со енормното загадување црната власт игра игри, спие и ги игнорира предлозите на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага заедно со примарната гасификациона мрежа паралелно веднаш да се започне и со градба на секундарна, за да може што побрзо да се приклучат и домаќинствата, а со тоа драстично ќе се намали загадувањето од огревно дрво.

Исто така мора под итно инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле, а доколку не се превземени мерки веднаш да следат соодветни мерки и казни.

Министерот Садула Дураку кои тие самите го избраа вели дека не му е гајле за тужбите што ги подготвуваат граѓаните против државата, Петре Шилегов продолжува со неговите непромислени политики додека Зоран Заев ниту едно ветување за почист воздух не исполни.

Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.

Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини.

СДСМ мора да си замине“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски