(ВИДЕО) Арсовски: Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува

Од:

Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува. Во Република Македонија во моментов незаконски се прислушува. Институциите и граѓаните по доаѓањето на однародената и криминогена власт се под целосен надзор на Заев и Спасовски. Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување кој е премногу сериозен и отвора прашања околу независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство. Неколку пати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени. Кој и зошто ги слушал јавните обвинители и ја следел нивната комуникација? Дали на ваков начин се вршело влијание врз предметите и постапките кои се водат изминативе две години? ВМРО-ДПМНЕ го осудува, секое незаконско прислушување кое ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите, рече Арсовски.

Според него, ова е скандал, кој што мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да сноси одговорност.

– Отворено се сомневаме дека во моментов не се следат само комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт. Бараме одговор и од новоформираната ОТА, и од надлежните судови и од ЈО и од УБК дали во моментов функционира системот за следење на комуникациите и дали воопшто се постапува барем по една наредба од надлежните органи за документирање на криминалитие на мафијашките кланови? Дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално? Дали образложението за неследењето на криминалните банди е дека има одредени потешкотии? Конечно, кој ќе сноси одговорност од СДСМ и од власта и за овој скандал со прислушување? За вакви снимки зборуваше и градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар кој јавно се закани дека ги прислушува вработените во општината, рече Арсовски.

Тој рече дека секогаш кога има скандал со нелегално прислуување замешани се кадри од СДСМ.

– Така беше и со аферата „Големото Уво“, така беше и со бомбите кои ги пушти во оптек СДСМ, еве и сега кога СДСМ е на власт се случува нов скандал на нелегално прислушување. Одговорност од власта и од СДСМ мора да има и тоа мора да има уште веднаш, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, 20 дена не е појавен во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски