Трамп се огради од тврдењата на неговиот адвокат Коен и обвини за „лов на вештерки“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп со твит испратен од Буенос Аирес, каде допатува за учество на Самитот на Г-20, се огради од изјавите на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен за купувањето имот во Русија, обвинувајќи дека целиот случај претставува „лов на вештерки“.

Коен вчера призна дека пред Конгресот на САД лажел за да прикрие купување недвижности од страна на Трамп по почетокот на прелиминарните избори за претседателски кандидат на Републиканската партија во 2016 година.

Коен го даде признаието пред специјалниот обвинител Роберт Мјулер, кој ја води истрагата за наводното руско мешање во изборите во САД во 2016 година, постигнувајќи договор со Обвинителството и изјаснувајќи се како виновен.

– О, сфаќам! Јас сум многу добар претприемач кој живее среќен живот и гледам дека нашата Земја тргна во погрешна насока (благо речено). Решив да се кандидирам за претседател и продолжив да го водам мојот бизнис – мирно и целосно законски. Зборував за тоа во текот на предизборната кампања. Некое време размислував дали да изградам зграда некаде во Русија. Не дадов никаави пари, никакви гаранции и не го спроведов проектот. Лов на вештерки, напиша Трамп на Твитер.

Тој обвини и дека Коен лажел при вчерашното признание.

Вчера по признанието на Коен, Трамп ја откажа најавената средба со рускиот претседател Владимир Путин во Буенос Аирес, правдајќи ја таквата одлука со ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи