СДСМ: Времето на масовна партизација на институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Времето на списоци и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, времето на масовна партизација на институциите функциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Граѓаните дознаа како криминалното и расипничко ВМРО-ДПМНЕ масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите. Јавноста и денес, преку јавно објавените материјали во судските процеси имаат можност да дознае како државната администрација се полнела со членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу другото и СМС комуникацијата помеѓу криминалецот Никола Груевски со тогашната министерка Јанкуловска, кадешто тој ѝ препраќал пораки за „заслужни вработувања“ на членови на ВМРО-ДПМНЕ на кои им било ветено вработување, покажува како државните институции се претворале во испостави на ВМРО-ДПМНЕ.

Времето на таква масовна партизација и заробена држава е завршено.

Започнатиот процес на реформа обезбедува професионализација и независност на државните институции.

Денес институциите функционираат транспарентно, огласите се законски и јавно достапни, за сите важат еднакви услови и критериуми. Институциите се професионализираат и работата во служба на законите и во интерес на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“