Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија во Крива Паланка

Од:

Од денеска во галерискиот простор на НУ Центар за култура од Крива Паланка, поставена е изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2018“ што по 27-ми пат годинава ја организира Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

Изложбата е дел од годишната програма на НУ Центар за култура од Крива Паланка поддржана од Министерството за култура,а е резултат на успешната соработка со Дом на културата,”Злетовски рудар” од Пробиштип.

На изложбата прикажани се 25 дела од вкупно создадени триесетина годинава, по слободна тема, со мотиви од убавината на Лесновскиот манастир, од архитектурата на Лесновскиот крај, на Лесновскиот кратер, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, и карпестото опкружување.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска