Информативна сесија за новата програма за прекугранична соработка Македонија-Србија

Од:

Во организација на Министерството за локална самоуправа и Министерството за европска интеграција на Република Србија, денеска се одржа информативна сесија за новата Програма за прекугранична соработка на Европската унија.

На оваа инфо сесија, од страна на државниот советник за европски интеграции во Министерството за локална самоуправа, Мјелма Мехмети-Петерсен, беше претставена Програмата за прекугранична соработка, целта на оваа програма, тематските приоритети и специфичните цели, начинот на апликација на општините и другите субјекти на пограничниот регионот, процедурите за јавни набавки, управувањето со финансиите и начините за следење на имплементацијата на проектите.

Во работата на работилницата беа присутни претставници на оперативната структура од српската страна, како и претставници од локалните власти, јавните претпријатија, регионални и локални агенции, како потенцијални апликанти на идните проекти.

Инаку, Програмата е финансирана преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија. Програмата го покрива буџетскиот период 2014-2020 година со вкупен износ од 3,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска