Група малолетници вчера пред полноќ каменувале патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце.
Малолетниците околу 23:20 удирајќи со камења, скршиле едно прозорско стакло од вагон, сопственост на Македонски Железници. При каменувањето за среќа нема повредени патници.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.