ИКТ и услужните фирми бараат автентично толкување на дел од Законот за ДДВ

Од:

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, меѓународната невладина организација Македонија 2025 и адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, поднесоа барање до Собранието на Република Македонија за автентично толкување на член 14, став 3, точка 1 и 5 од Законот за данок на додадена вредност.

– Барањето за автентично толкување се јави како потреба врз основа на анализите и сознанијата за одредени проблеми со кои се соочуваат компаниите, во однос на даночниот третман при извоз на услуги. Имено, на компаниите им се наметнува обврска за неосновано засметување и плаќање на ДДВ, што беше главниот двигател за актуелизирање на прашањето за создавање стабилна и предвидлива законска рамка, без простор за правни празнини при имплементацијата на постојните законски решенија, соопшти МАСИТ.

Оттаму велат дека Владата дала позитивно мислење по однос на оваа инцијатива и оти во актуелизирање на прашањето се вклучиле генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и формалниот подносител на ова барање пратеничката Ивана Туфегиќ.

– Во исчекување на позитивен резултат од Законодавно-правната комисија во Собранието на Р.М., а со цел овозможување на правна сигурност за сите компании кои подлежат на оваа категорија, би сакале да ја изразиме нашата благодарност и да ја поздравиме посветеноста за вклучувањето во овој процес од страна на сите чинители, кој веруваме ќе овозможи подобра бизнис клима, како и поголема предвидливост на законските норми, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Лога го разреши претседателот на Советот на ИКT, судијата Лазар Нанев

A1on

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи