Харадинај: Таксата кон Србија ги јакне домашните производители

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача дека нема намера да ја повлече одлуката за такса од 100 отсто на производите од Србија, затоа што, според него, таа придонесува за јакнење на домашните производители.

Пораката на Харадинај уследи по барањето на високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, упатено до претседателот на Косово Хашим Тачи, за укинување на таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Харадинај, кој денеска учествуваше на првата Конвенција на домашни производители, напиша на Фејсбук дека таксата претставува „суверена одлука на Косово“ и порака до сите дека Косово е „совесно, свесно и самостојно“.

– Домашните производители имаат пред себе еден златен период, кој треба да го искористат за јакнење и опстојност на пазарот. Фискалната реформа која ги зајакнува нив и таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина им создадоа поволни околности, симнувајќи им го товарот на дискриминацијата. Утрово учествував на првата Конвенција на домашни производители, каде што нагласив дека Косово сега има повеќе самодоверба и се стекнува со доверба кај потрошувачите на нашиот и на европскиот пазар, напиша Харадинај.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина