„Пајак-службата“ на скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“, во иднина нема да биде обвинувана за погрешно подигање возила од граѓаните.
Во рамките на модернизирање на депото што се планира да се реализира во мај, освен нови управни простории за вработените ќе се оформи и мониторинг-центар преку кој ќе може да се следи движењето на секое од пајак-возилата, бидејќи на нив ќе бидат поставени камери, пишува Дневник.
Од „Градски паркинг“ велат дека на ваков начин планираат да ги намалат инцидентните ситуации или обвинувања на граѓаните против пакај службата и да се добие реална слика за тоа што се случува на улиците.
Проектот е веќе изработен, а за таа намена се издвоени 3 милиони денари.