УЕФА ќе го казни АЕК за немирите за време на натпреварот во Лигата на шампионите со Ајакс вчера вечер. Дисциплинската комисија на Европскиот фудбалски клуб ќе се состане на 13 декември поради хулиганските акции на навивачите на грчкиот тим.
На почетокот на натпреварот помеѓу двата тима, поддржувачите на АЕК го нападнаа гостинскиот сектор со сигнални ракети и молотови коктели, при што настрадаа неколку посетители.
Според грчките медиуми, меѓу фановите на Ајакс имало и такви на Панатинаикос, што предизвикало гнев кај приврзаниците на тимот од Атина.
УЕФА не ја исклучува можноста и Ајакс да биде казнет за однесувањето на неговите поддржувачи за време на мечот во грчкиот главен град.
Тимот од Амстердам победи со 2:0 и се квалификуваше за осминафиналето на Лигата на шампионите.