„Нема да се градат висококатниците спроти „Холидеј ин“ додека трае мораториумот за градба на територија на Општина Центар“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.
Тој вети дека за понатамошните одлуки ќе бидат вклучени граѓаните. Лично тој смета дека таму не треба да има висококатници.
„До Општина Центар нема доставено проект ниту барање за градба ниту идеен проект, но знаете дека за 30 планови во Центар има моратоирум. За кој било што е опфатен да се поднесе барање ќе биде одбиен додека не се ревидира планот. Таму уште претходно се уцртани стокатници, па 60-катници. Од тие причини донесовме моратоум. Ќе си има јавна анкета, без разлика кој е сопственик, државата или приватно лице“, рече Богдановиќ.
Да немало мораториум, додаде тој, планот за градба веќе ќе можел да се спроведува.
Богдановиќ уште еднаш повтори дека по ревидирањето на одлуката за мораториум, ќе се знае што точно ќе се случува со градбите на повеќе локации низ Центар и како пример ги посочи блок 9 на Водно и паркот на Франкофонијата каде во договор со граѓаните може да додје до измени од првичниот план за градба според постоечкиот ДУП.
Галена Николовска-Ризвановиќ