Вадо рју карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка во рамките на проектот „Тренирај карате-создавај здрави и успешни генерации“, кој финансиски е поддржан со средства од буџетот на општина Крива Паланка, во изминаиот период одржа заеднички тренинг со Карте клубот „Шурикен“ од Ќустендил, Република Бугарија.
На заедничкиот тренинг учествуваа деца од клубовите од Крива Паланка и Ќустендил и ова беше прилика во која младите каратисти ги разменуваа стекнатите напредни техники, вештини и искуства во карате спортот, кои ги стекнале вежбајќи во своите матични клубови.
Исто така и меѓу тренерите од двете општини, беа разменети искуства и беа договорени нови активности, кои ќе бидат реализирани во наредниот период.
Карате клубот „Шампион“ претставува вистински расадник на млади и талентирани каратисти, кои тренирајќи напорно и посветено донесоа многу медаљи од државни и меѓународни натрпревари. Во клубот имаат тренирано над 700 каратисти од Крива Паланка, од кои над 180 се регистрирани натпреварувачи во сите категории од пионери до сениори.
Тренинзите се одржуваат во салата „Партизан“ под менторство на двајцата лиценцирани тренери од карате федерацијата на Македонија, Стевче Христовски и дипл.проф. по физичка култура-Жарко Ангеловски.