Општина Центар – партнер општина на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи

Од:

Од 21 до 23 ноември во Рим, Италија се одржа Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи (EFDRR) во организација на Владата на Италија и Канцеларијата за намалување на ризици од катастрофи на Обединетите нации во партнерство со Европската комисија и Советот на Европа

EFDRR служи како интегрирана платформа за заинтересираните страни во Европа, којашто на едно место ги собира заедно Министрите, меѓувладините организации, парламентарците во Европската унија, лидери на влади, научни и академски институции, приватни бизниси, невладини организации и општини.

Тие се поттикнати од климатските промени, катастрофите предизвикани од природни катастрофи како главен предизвик во заштитата на развојот кој го постигнале нашите нации и заедници. Од ваква гледна точка, оваа година EFDRR ќе се организира на тема „Осигурување на просперитетот на Европа – Намалување на ризиците од катастрофи“.

На Европскиот форум во Рим, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ја потпиша декларацијата на UNISDR, со што се заложи општината да развие одржливост на животната средина, ублажување на климатските промени, како и намалување на загаденоста.

Со потпишувањето на декларацијата, општината се обврза да ги споделува целите и задачите на UNISDR и официјално се приклучи во светската кампања и во Европската платформа како „Општина Партнер“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории