Активисти на „Гринпис“ се качија на оџак на термоцентрала во Полска

Од:

Деветмина активисти на меѓународната организација за заштита на животната средина „Гринпис“ денеска се искачија на врвот на 180-метри високиот оџак на полската термоцентрала „Белхатов“, за да го изразат своето незадоволство од користењето на јагленот како значаен извор на енергија во Полска.

Протестот беше организиран во пресрет на преговорите за климата, што во организација на ОН ќе се одржат следниот месец во полскиот град Катовице.

Термоцентрала „Белхатов“ е најголемата електоцентрала во Полска и важи за еден од најголемите загадувачи на воздухот во Европа.

„Гринпис“ оценува дека Полска е премногу зависна од јагленот како енергенс за производство на електрична енергија. Според плановите на полското Министерство за енергетика, до 2030 година дури 60 проценти од електричната енергија во Полска ќе се добива од термоцентралите.

– Планот целосно ги игнорира заканите и предизвиците што ги создаваат климатските проемни и е доказ дека министерот за енергетика воопшто не ги разбира промените во енергетскиот сектор на глобален план, изјави претставникот на „Гринпис“, Павел Шипулски.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина