Лавров: На Русија не и требаат посредници во спорот со Украина

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ја отфрли идејата за меѓунеродно посредување во спорот меѓу Русија и Украина околу руската заплена на три украински брода во неделата во близината на Крим.

– Не гледам никаква причина за какви било посредници, изјави Лавров по средбата со неговиот француски колега Жан-Ив ле Дријан во Париз.

Изјавата на Лавров претставува реакција на предлогот на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, Германија, Франција, Русија и Украина заеднички да работат на намалување на тензиите.

Според Лавров, украинските западни поддржувачи треба да му испратат јасен сигнал на Киев да се воздржува од какви било провокации со цел да не се повторат инциденти како тој во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Ле Дријан, од своја страна, ги повика Русија и Украина на намалување на тензиите.

– Сакаме сите страни да покажат воздржаност. Милитаризацијата на таа зона би можела да доведе до инциденти, нагласи Ле Дријан.

Тој информира дека од Лавров побрал Русија да ги ослободи украинските морнари и бродови и најави дека ќе разговара и со неговиот украински колега Павло Климкин во обид да придонесе за намалување на тензиите.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски