Нов третман за пациентите, првпат во Македонија извршена тромбектомија кај 70-годишен пациент со мозочен удар

Од:

Механичка тромбектомија кај 70-годишен пациент, кој доживеал мозочен удар во текот на вчерашниот ден првпат е извршена во Македонија. Станува збор за многу сериозен и сложен зафат на мозокот, каде се случил ударот, предизвикан од тромб – згрутчување на крвта.

Пациентот е спасен од сигурна смрт, информираат од Министерството за здравство. Во тимот доктори, кои првпат во нашата држава го извршија овој успешен зафат, посочуваат од Министерството, беа доц. д-р Венко Филипче, д-р Менка Лазаревска, д-р Вјолца Алији и д-р Петар Јаневски, невролозите д-р Јасна Петреска, д-р Ана Донева и д-р Драгана Цветковска, како и анестезиолозите д-р Јасна Бушиновска и д-р Ида Теменугова.

– Станува збор за многу сложена и тешка операција на крвните садови во мозокот. Операцијата е направена само на неколку часа од ударот, успеавме да го извадиме тромбот и да го спасиме пациентот. Овие таканаречени „удари“ често се фатални за пациентите и досега во Македонија не е извршен ваков зафат. Со оваа интервенција, која првпат се примени во Македонија, застанавме рамо до рамо со светските медицински центри, вели министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on