Повредени двајца пешаци во сообраќајки во Тетово

Од:

Двајца пешаци, возрасна жена и 11-годишно момче, се здобиле со телесни повреди во две одвоени сообраќајни несреќи што вчера попладне се случиле во Тетово, информираат од СВР Тетово.

Со потешки телесни повреди, скршеница на десната рака, поминала Б.В.(72) од Тетово откако околу 16:50 часот била удрена од автомобил „Ровер“ со гостиварски таблици што го управувал засега непознато лице и кое веднаш по сообраќајката избегало. Повредената тетовка веднаш била прфрлена во Клиничката болница во градот каде и била констатирана скршеница на десната рака и пружена соодветна лекарска помош. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово. Се работи на откривање на идентитетот на возачот и негово пронаоѓање.

Другата сообраќајна несреќа со повреден пешак се случила два часа подоца околу 18: 50 часот на крстосницата од улиците „Ѓоце Стојчески“ и ЈНА при што С.Х.(36) од Тетово управувајќи БМВ удрила во 11 – годишно дете од Сиричино. Поврденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Полицијата по извршениот увид работи на расчистување на причините и другите поединости за сообраќајката.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени