Членовите на британскиот парламент на 11 декември ќе се изјаснат дали го прифаќаат договорот за излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти премиерката Тереза Меј.
Долниот дом ќе одлучува дали че одговори на волјата на британскиот народ кој на референдум се изјасни за Брегзит, а по договорот кој Лондон и Брисел го постигнаа во неделата.
Предвидено е пред гласањето да се води петдневна расправа, за време на која Меј че се обиде да придобие повече пратеници од својата партија, кои засега не сакаат да го поддржат договорот.
И покрај големото противење со кое соочи по постигнатиот договор, поради кој неколку министри го напуштија нејзиниот Кабинет, Меј истакна дека станува збор за најдобар и единствено можен договор.
Лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин ги повика своите пратеници да гласаат против договорот, бидејќи, според него, тој претставува „национално самоубиство“. Десетина конзервативни пратеници најавија дека ќе го отфрлат договорот, било да мислат дека е премногу остар или премногу „мек“. Северноирските унионисти, кои обезбедуваат мнозинство на Владата, како и други опозициски партии, исто така се противат на договорот.
Меј има пет дена да ги убеди пратениците дека е невозможно да се постигне подобар договор, а министерот за Брегзит Стивен Баркли призна дека гласањето ќе биде предизвик и оцени дека Велика Британија ќе биде во „немирни води“ доколку Парламентот гласа „против“.