Груевски ќе остане без пратенички имунитет

Од:

И додека екс премиерот Никола Груевски е во азил во Будимпешта, денеска, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски, треба да се изјасни за пет барања од судот за одобрување на негов притвор.

По ова, според собраниски извори, можеби во текот на денешниот дом или најдоцна во рок од три дена, ова ќе се најде и на пленарна седница, и најверојатно ќе добие зелено светло, затоа што за одземање имунитет се потребни 61 пратенички глас.

Кривичниот суд бара од Собранието да му биде одземен имунитет на пратеникот Никола Груевски. Во официјалното соопштение на Судот, пишува дека до Собранието доставиле 5 судски предмети, во кои е обвинет екс-премиерот Никола Груевски.

Судот бара притвор за Груевски за изборни измами во случај „Титаник“, за нерегуларности при изградба на автопати – случај „Траекторија“, за уривање на Космос – „ТНТ“, за незаконско финансирање на партијата – случај „Талир“, како и за случајо „Шамари во Општина Центар“.

Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија. Собранието не обезбеди двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Никола Груевски.

И бидејќи Груевски се уште се води како пратеник, Собранието, според Деловникот донесе одлука да му ја намали платата за 5 отсто за секое неоправдано отсуство.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?