СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминал, а можеше да го реши проблемот со Еурокомпозит

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антинародното и лицемерно раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со својата матрица на лажни вести, измислици и манипулации.

Антизападното раковдство на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што лаже суши. Не е точно дека нема струја во „Еурокомозит“ ниту пак дека се работи за 300 вработени лица, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Вистина е дека струја има и дека станува збор за 98, а не за 300 вработени, исто како што е вистина дека проблемот со „Еурокомпозит“ кој е наследен, а за кој побарувањата се наталожени во време на претходната власт, се решава системски, со цел комбинатот да застане на здрави основи со економска оправданост.

Во таа насока е измената на Законот за матријално безбедување на невработени лица е во собраниска процедура, со кој се решава прашањето на матријално обезбедување на лица на кои што ќе им престане работниот однос по основ на технолошки вишок и кои биле вработено во претпријатија со доминатна сопственост на државата.

ВМРО-ДПМНЕ можеше да го реши проблемот со „Еурокомпозит“ но наместо тоа се посвети на криминал, корупција и договорени тендери и провизии преку кои се богатеа криминалецот Груевски и неговите соработници.

Мицкоски како советник на истиот тој Никола Груевски можеше да побара решение на овој проблем но ете одлучил да молчи. Владата предводена од СДСМ ги решава сите наследени проблеми оставени од ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје