Украинска амбасада во Скопје: Русија започнува нова борба со Украина

Од:

По окупацијата на Крим и вооружената агресија на истокот на Украина, Кремљ отпочна нова фаза на борба со Украина – се спроведува економска блокада на украинските пристаништа во Азовското Море и на секој начин се комплицира морепловството во Црното Море, велат од амбасадата на Украина во Скопје, еден ден по инцидентот кога Русија заплени три украински брода со употреба на оружје.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме реакцијата на украинската амбасада:

„На 25 ноември, бродовите на поморските сили на вооружените сили на Украина, составени од две мали оклопни артилериски бродови „Бердјанск“ и „Никопол“ и реморкер „Јана Капу“, спроведуваа планиран премин од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол во Азовското Море. Руската страна навреме беше информирана за намерата со цел да се обезбеди безбедноста на навигацијата.

Пограничните бродови на Русиjа од типот „Собољ“, „Дон“, бродовите од типот „Мангуст“, „Суздалец“ спроведоа отворено агресивни дејствија против бродовите на морнарицата на Украина. Пограничниот брод „Дон“ намерно се судрил со нашиот реморкер.

После почетокот на движењето на поморската група на украинските вооружени сили кон излезот од Керченскиот теснец, руските бродови ги следеа и во ултимативната форма бараа украинските бродови да застанат под закана од употреба на оружје. И покрај закани и провокации, украинската морнарица продолжи со извршување на задачата.

По напуштањето на 12-километарската зона, бродовите на ПС ФСБ на Руската Федерација отвориле оган врз група бродови на поморските сили на вооружените сили на Украина. Оружјето било искористено за пораз.

Малите оклопни артилериски бродови „Бердјанск“, „Никопол“ беа погодени од огнот на непријателот и престанале да се движат. Реморкерот „Јана Капу“ исто така бил принуден да застане. Бродовите биле запленети од руските специјални сили, а 6 украински војници се здобиле со повреди и се во тешка состоjба.

Дејствијата на Руската Федерација се противправно прекршување на Повелбата на ООН и Конвенцијата на ОН за Морското право.
И треба да се спомене дека само еден ден пред тоа Министерството за надворешни работи на Украина официјално изјави дека во декември оваа година ќе поднесе на разгледување на Генералното Собрание на ООН нацрт-резолуција за милитаризација од Русија на Црното и на Азовското Море.

Во врска со уште еден чин на агресија против Украина, претседателот Петро Порошенко свика воен кабинет, по што следеше состанок на советот за националната безбедност и одбрана, на кој беше одобрена одлука на претседателот на Украина да се предложи воведување на воена состојба во период од 60 дена со цел да се спречи вооружената агресија и да се обезбеди национална безбедност, елиминирање на заканите за независноста на Украина и територијалниот интегритет.

Нападот врз украинските бродови што извршувале морски премин од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол, во согласност со одредбите на сите применливи мултилатерални и билатерални меѓународни договори и правилата за навигација, е уште еден акт на вооружената агресија на Руската Федерација, како што е дефинирано во член 2 од Повелбата на Обединетите нации и одредбите од Резолуцијата на Генералното собрание на ОН 29/3314 од 14 декември 1974 година за дефинирање на агресијата. Русија, всушност, ги прошири своите воени операции против Украина на море.

Целокупната одговорност за натамошното влошување на ситуацијата во регионот на Азовско и Црно Море и поткопување на мирно решавање на руско-украинскиот вооружен конфликт целосно е на Русија.

Денес, на барање на украинската страна, ситуацијата поврзана со најновиот чин на агресија на Руската Федерација против Украина ќе се разгледува на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Би можело да ве интересира

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он