Лавров: Ситуацијата во теснецот Керч е провокација, САД и западните земји ја влошуваат атмосферата

Од:

Ситуацијата во теснецот Керч е недвосмислена провокација и Киев ги прекрши одредбите на меѓународното право, соопшти денес шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– САД и западните земји ја зголемуваат напнатоста во близина на руската граница, поради што се влошува атмосферата на стратешка неизвесност и настануваат ситуација кои може да ја поминат точката од која нема враќање, соопшти Лавров во писменото обраќање до 12. Европско-руски форум во Европскиот парламент.

Тензиите меѓу Украина и Русија околу Азовско Море ескалираа вчера кога Киев ја обвини Русија дека нападнала украински брод и го блокирала пристапот до морето, кој се наоѓа меѓу Крим и источна Украина. Ситуацијата брзо ескалираше. Украина синоќа ја обвини Русите дека задржала три украински брод, а претходно и пукале во нив, во оваа стратешка зона.

Двата блиндирани брода „Бердјанск“ и „Никопол“ и реморкерот „Јани Капу“ се обиделе да влезат од Црното Море во Керченскиот Теснец Теснец. Од вкупно 23 војници на бродовите, шестмина биле повредени во судирите, од кои двајца се во сериозна здравствена состојба, соопшти украинската армија.

Русија го потврди задржувањето на бродовите и „употребата на оружје”, обвинувајќи ги украинските бродови за „вршење нелегални активности во руските територијални води”.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски