Натпревар Ривер Плејт – Бока Јуниорс повторно одложен

Од:

Реваншот од финалето на Копа Либертадорес Ривер Плејт – Бока Јуниорс е повторно одложен. Според најавите кои доаѓаат од Аргентина, претседателите на двата клуба дополнително треба да одлучат каде ќе се игра натпреварот. Средбата меѓу раководствата на двата клуба е закажана за 27 ноември (почетокот 10 часот по локално време).

Натпреварот беше одложен за вечер во 21 часот, откако претходниот термин беше откажан поради инцидентот предизвикан од навивачите на Ривер кои пред стадионот „Монументал“ го каменуваа автобусот на Бока, а потоа фрлија и солзавец кон играчите на гостинскиот тим.

По овие инциденти некои играчи на Бока беа повредени.

Првиот натпревар заврши со нерешен резултат – 2: 2.

Денес Бока Јуниорс побара од Федерацијата на Јужноамерикански фудбал – КОНМЕБОЛ да го откаже реваншот.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски