„Политико“: Унгарската разузнавачка служба го олесни бегството на Груевски

Од:

Унгарската разузнавачка служба е вклучена во олеснување на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, пишува бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на изјави од свои извори.

Оттаму, констатацијата ја темелат и на изјавата од Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, кој кажа дека Груевски го придружувале унгарски дипломати за време на бегството.

Портпаролот на унгарската влада за „Политико“ не одговорил на прашањето дали разузнавачката служба е вклучена во операцијата со експремиерот на Македонија.

„Унгарскиот премиер Виктор Орбан е долгогодишен сојузник на Никола Груевски. Орбан јавно ја бранеше одлуката за доделување на азил на Груевски, велејќи дека во Македонија се водат ‘сложени политички игри’“, стои во текстот на„Политико“.

Претходно, американскиот Стејт департмент изрази загриженост за потегот на Груевски да избега, со цел да ја избегне неговата двегодишна затворска казна во Македонија, се додава во објавата на порталот.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател, во спортивно се закани со уставни измени

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија