Русија претставува закана за Чешка и ЕУ, изјави новиот чешки министер за надворешни работи Томаш Петричек.
– Според мене Русија претставува опасност, истакна Петричек, наведувајќи ги за пример опасностите од „ширење на дезинформации и применување на различни хибридни закани“.
Тој смета дека „ситуацијата нема да се реши со никакво натамошно протерување на руски дипломати, туку треба да се зајакне стратегиската комуникација и способност да се бориме со дезинформации во рамки на целата Европска унија“.
Петричек се повикува на податоци на чешкото контраразузнавање за зајакнување на руската активност на чешка територија. Шефот на разузнавањето Михал Ковделка неодамна изјави дека „целта на руските специјални служби е уништување на на НАТО и ЕУ“.