Во недела со почеток во 19 часот во рамки на ПХВ проектот (Промоција на Хумани Вредности), во МКЦ ќе има хуманитарна акција за помош на четиригодишната Нина која боледува од ретко метаболно митохондријално заболување (Leigh sy. Complex IV deficiency), како и за нејзиното едногодишно братче Дарин, кое ја има истата генетска мутација за оваа болест.
Хуманитарниот настан освен од МКЦ, поддржан е од новата македонска асоцијација на магионичари коишто ќе приредат илузионистичко шоу, од бендовите PROBLEM SOLVED и PO*NOGRAFITI кои ќе имаат свој настап, како и од Клубот на млади на ООЦК Центар.
Имплементацијата на Националната Програма Промоција на хумани вредности (ПХВ) е овозможена со грант на програмата CIVICIA Mobilitas имплементирана од ЦИР-а и финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларија за соработка во Скопје.
Цена на билетот е 150 денари.