Од 165 барања, само Груевски и три други лица добиле азил во Унгарија

Од:

Канцеларијата за имиграции и азил открила дека по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули па се до 21 ноември тие примиле вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени, објави порталот „Индекс“.

Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, од кои еден е експремиерот Никола Груевски кој во Македонија е осуден на две годишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Сел Бернадет која е независна пратеничка во унгарскиот парламент, побарала да ги види документите со кои Груевски поднел барање за азил, но Канцеларијата за имиграции и азил не дозволила. Оттаму посочиле дека со ниту еден закон не се предвидува пратениците да имаат пристап до документи кои содржат лични податоци. Пратеничката дознала дека Никола Груевски лично контактирал со службата за корисници при Канцеларијата за имиграции и азил на 12 ноември, кога побарал азил.

Унгарскиот Стоп Сорос закон предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, дека не може да добие азил. Но, експремиерот на Македонија, Никола Груевски доби азил за само неколку дена, иако според информациите тој во земјата влегол преку Србија која унгарските власти ја сметаат за безбедна земја.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Политико: Орбан е во ќош, мора да се сврти кон земјата што долго ја избегнуваше

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата e несреќен случај или напад

Сијарто е дециден: Трамп е единствената надеж за мир

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

Орбан: Нема да умреме за Украина, ниту ќе ги слушаме наредбите од Брисел

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Унгарија: Патнички автобус удри во училиште, најмалку 34 се повредени