Дурант за кризата: Ситуацијата нема да се поправи самата од себе

Од:

Една од ѕвездите на Голден Стејт, Кевин Дурант по победата над Портланд (125:97) зборуваше за проблемите, кои го придружуваат тимот во текот на последните неколку недели.

– Не верувам дека сè ќе заврши само по себе. Во НБА не верувајте во приказните и емоциите. Ситуацијата нема да се поправи сама од себе, додека не почнеме да даваме сè од себе и да ја наметнеме својата волја, како што беше денеска. Токму така, утре ништо нема да се случи. Треба да играме толку страстно и енергично, како против Портланд, изјави Дурант пред „ЕСПН“.

Благодарение на победата над Портланд, Голден Стејт ја прекина серијата од четири последователни порази и се искачи на 4-то место во Западната конференција.

Следниот меч на шампионите е утре против Сакраменто.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот