Унгарската опозиција подготвува акција против азилот на Груевски

Од:

Унгарската социјалистичка партија и другите опозициски партии подготвуваат заедничка акција против случајот со бегалецот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија. Тие не прифаќаат Груевски да биде заштитен во нивната земја, бидејќи според нив не ги исполнува условите, а истовремено се противат оти тој е осуден на издржување затворска казна во Македонија.

Консултацијата меѓу партиите Дијалог за Унгарија (MSZP), Демократска колаиција (DK) и партијата Други политики се возможни (LMP) веќе била одржана, пишува „24.ху“ повикувајќи се на свои извори.

Тие ќе иницираат почеток на панел дискусија за ова прашање, а истовремено ќе бараат креирање на парламентарна истражна комисија.

Потоа до властите ќе достават заеднички став на опозицијата за случајот Груевски, а парламентот ќе добие предлог како да се постапи.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Унгарскиот премиер Петер Маѓар испрскан со вино

А1он

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски