Балканот достигна одреден степен на стабилност, според поранешен аналитичар на ЦИА

Од:

Професорот на универзитетот „Џон Хопкинс“ и поранешен аналитичар на ЦИА Дејвид Кенин во интервју за весникот „Политика“ оцени дека регионот на Балканот достигнал одреден степен на стабилност, како и дека регионалната безбедност повеќе не се доведува во прашање.

– Регионот достигна одреден степен на стабилност, иако во овој случај тоа е пресилен збор, можеби поадекватно е да се каже рамнотежа. Никој повеќе не се обидува да војува со некој друг, никој повеќе не се чувствува толку небезбеден во однос на некој друг за да се доведува во прашање регионалната безбедност, истакна Кенин.

– Од друга страна според моето мислење, јужно од Сава, каде било Османлиското царство ништо се уште не е конечно, се е уште отворено, иако засега ништо не се менува, додаде тој.

Кенин смета дека сегашната ситуација во таа област не е трајна и додаде дека верува оти ќе има нови промени, иако, како што рече „не се знае кои ќе дојдат први“.

Според него за оние подрачја, кои биле дел од Австроунгарското царство се е поставено на свое место, пред се поради тоа што Србите во Хратска ја загубиле војната во 1994-1995, но сепак „победите на бојното поле и натаму важни, без оглед на идеолошките изјави кои доаѓаат од Западот“.

– Исклучок е Војводина, исто така некогаш дел на Австроунгарија, каде главно прашање е нејзината помала или поголема автономија и позиции во Србија, која е мошне комплицирана и за мене како аутсајдер мошне интересна за следење, наведе тој.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ