Индија купува руски систем вреден 1,5 милијарди долари

Од:

Индија официјално ја избра руската компанија Рособоронекспорт за 1,5 милијарди долари вредната програма на индиската војска за воздушна одбрана на мали растојанија.

На средбата со претставниците на трите компании кои влегоа во потесниот круг на 19 ноември, Рособоронекспорт, француска МДБА и шведски Сааб, индиските претставници истакнаа дека победник е рускиот Игла-С систем, пренесува Ал Џезира.

Во мај оваа година компанијата Рособоронекспорт беше прогласена за најевтин понудувач меѓу трите компании. Другите понудувачи се жалат на фактот што на руската компанија воопшто и било дозволено да биде во најтесниот круг, бидејќи нивниот систем не минал две технички теста.

Министерството за одбрана на Индија најави дека руската компанија ги задоволила потребните услови и дека не е прекршена процедурата.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети