Лондонски ресторан вработува италијански домаќинки заради автентична домашна атмосфера

Од:

Ресторанот Миа Мама во Лондон планира да вработи италијански домаќинки, мајки, заради вистинскиот вкус на италијанската храна, но и поавтентична домашна атмосфера во самиот угостителски објект.

Во соопштението на сопствениците на ресторанот се вели дека ќе ангажираат по една домаќинка од сите 20 области во Италија, на пробен период од четири месеци. Избраните 20 жени ќе бидат најмени една по една, не сите одеднаш.

Секоја италијанска област има свои традиционални одлики, а жените ќе треба да ја претстават својата област најдобро што можат, преку храната што ќе ја готват, но и гостопримството и разговори со посетителите.

На менито има сѐ, од тестенини полнети со јајца, карактеристични за северна Италија, до јадења со морски плодови, по коишто е познат југот од земјата.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија