Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања.
ЈП „Македонијапат“ соопшти дека појава на магла со намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Прилеп- Крушево и Тетово- Попова Шапка.
Слаби врнежи од снег се бележат во Битола, Ресен, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
По клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.