СДСМ: Нема разговори за претседателски кандидат во органите на партијата

Од:

„Во моментов не постојат разговори за дефинирање претседателски кандидат во органите и телата на СДСМ“, соопшти СДСМ.

Партијата ги демантира објавените информации на агенцијата ИНА, преземени и од дел на интернет порталите.

„Разговорите не се започнати и оттука воопшто не е точно дека е дефиниран кој било за кандидат. Исто така, не е точно дека има кандидати за премиерската позиција.Станува збор за класични шпекулации кои немаат никаква врска со реалноста.Дополнително, јавноста знае, а СДСМ повторно го реафирмира, тоа не е цел на претседателот Зоран Заев, како што лажно е наведено во текстот“, се вели во соопштението.

Според партијата, по промените и рушењето на режимот, Република Македонија оди напред. Владата предводена од премиерот Зоран Заев останува посветена на економскиот напредок, на подобрување на животниот стандард на граѓаните, на зголемувањето на платите, на инвестициите, на обезбедувањето сигурна и стабилна иднина на нашата заедничка татковина како членка на НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат