Во Општина Кисела Вода се одржа јавна дебата по повод одбележувањето на Европската недела за помалку отпад.
Преставници од локалната самоуправа, здруженија и невладини организации дискутираа за заедничко изнаоѓање на решенија за справување со отпадот на територијата на општината. Тие на оваа средба дадоа повеќе идеи и предлози кои би придонеле за почиста Кисела Вода.
Пред присутните се обрати д-р Христина Оџаклиеска, член на Советот на Општина Кисела Вода. Оџаклиеска која даде голема поддршка за одржување на оваа дебата, ја истакна важноста на улогата на сите засегнати страни во напорите за спречување со дивото депонирање на отпад. Таа нагласи дека едукацијата на населението за правата и обврските при постапувањето со отпад, но и спроведувањето на законската регулатива од страна на надлежните служби, ќе придонесе кон активно вклучување на сите засегнати страни во надминувањето на проблемот. Додека, Мирјана Китановска, воспитувач во градинката ЈДГ „8 март“, објект „Расадник“, објасни како нивната градинка го има добиено највисокото еколошко признание, зеленото знаме и како истата работи на полето за зачувување на животната средина.
На овој состанок Петар Ѓорѓиоски, раководител на Оделението за заштита на животна средина зборуваше за сите досегашни активности преземени од страна на Општината, а воедно информираше дека во соработка со Пакомак – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување , во просториите на Општина Кисела Вода поставени се пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените во истата.
Овој настан се одржа во организација на Одделението за заштита животната средина кое постојано вложува максимални напори за зачувување на животната средина.
По повод одбележувањето на Светскиот ден на децата, 20 – ти Ноември, во ЈД 8 „Март“, во објектот „Расадник“ се одржа едукативен час за заштита на животната средина.