Владеачјката партија реагира дека „обидот некакви летоци да ги припише на ВМРО- ДПМНЕ е само доказ за неговиот страв и паника.
„Но, доаѓа времето кога oна зло што го садел Петрески веројатно ќе си го жнее. Затоа наместо квалификации Петрески треба да сфати дека очигледно граѓаните на Охрид се згрозени од неговите лаги и манипулации.
ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Претседателот,Координаторот на советничката група и советниците секојдневно, храбро, фронтално, лице во лице ги напаѓаат погрешните политики на Петрески и локалната самоуправа. Ние немаме никаква потреба од никакви затскривања и покрај заканите кои секојдневно ни се упатуваат. На ист начин храбро и бескомпромисно ќе продолжиме да се бориме против тоталното отсуство на капацитет за водење на Охрид што оваа Локална и овој Градоначалник го носат . И храбро и бескомпромисно ќе ги изложиме нашите поинакви и подобри визии за Охрид“, реагираат со соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.