Лав повеќе нема да игра оваа година

Од:

Крилото на Кливленд Кавалирс, Кевин Лав соопшти дека ќе се врати на кошаркашкиот терен во 2019 година, додавајќи дека уште две недели ќе биде со специјална чизма, која ја носи по операцијата на левата нога на почетокот на сезоната.

Триесетгодишниот кошаркар одигра само четири натпревари во сезоната 2018/2019, во кои во просек постигна 19 поени, 13,5 скока и 3,5 асистенции.

Неговиот отсуство придонесува за неубедливите настапи на Кавалирс, кои во моментот имаат најлош биланс во целата Лига – две победи и 13 порази.

Во претходните две сезони, Лав пропушти вкупно 45 натпревари поради различни здравствени проблеми. Во текот на летото тој повторно потпиша со Кавс за уште четири сезони и плата во вкупна вредност од 120 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот